Канал 5: Во преамбулата на Уставот ќе се впишат и Ерменците

Министерството за правда ја финишира иницијативата за предлог-измените на Уставот, оттаму најавуваат дека наскоро ќе ја испратат до Влада официјалната верзија која ја скрои работната група во петокот, а неофицијално амандманите ќе се разгледуваат на првата владина седницa, најверојатно утре.

Во пакетот уставни измени како најважна е корекцијата во Преамбулата, а доколку биде усвоена на крај од Собранието, ќе биде надградена со седум други народи, а не 6 како што беше првично најавено… Освен бугарскиот, хрватскиот, црногогорскиот, словенечкиот, еврејскиот, египќанскиот, во низата делови од народи, ќе бидат набројани и Ерменците, кои според податоците од последниот попис бројат 61 граѓанин во Македонија, пишува Канал 5.

Освен во преамбулата, следствено, седумте заедници ќе станат дел и уште од два члена на уставот – за грижата за дијаспората и за Комитетот за односи меѓу заедниците.

Повеќе

Back to top button
Close