Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало 13-годишно дете

Од МВР информираа дека е расчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина Карпош.

-На 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје – Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул.”Волгоградска”, во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување.

По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираа од МВР

Back to top button
Close