Кандидат на Влен од митинг во Хамбург се обрати директно до Инфомакс: Точно е дека со ДУИ заедно соработуваме, секаде каде се мнозинство Албанците ќе има градоначалник Албанец – ние сме газди на својата земја

Кандидатот на Влен, Хаќим Рамадани за градоначалник на Брвеница од Хамбург се обрати директно кон Инфомакс.
Рамадани потврди дека е во Германија, заедно со својот противкандидат од ДУИ да бараат гласови за да го поразат Македонецот, Јовица Илиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на општината.
Тие велат дека општините како Кичево, Брвеница, Тетово и секаде каде се мнозинство Албанците мора да ги води Албанец.
Тој вели дека треба да се знае кој е газда на својата земја.
Рамадани зборуваше и за референдумот за Илирида.
Одговор Рамадани ќе добие во живо во Тешки Муабети на Инфомакс.






