Кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја прогласува Илиевска за умрена
Кандидатката за градоначалничка на Општина Битола од редовите на „Поинаку“, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил објави фотографии како кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува одвратни коментари насочени кон неа.
Имено, кандидатот за советник Љупчо Петровски, коментира на објава на актуелниот градоначалник Тони Коњановски, „Го прогласувам нусето Габриела за умрено!“
„Кандидат за советник ме прогласва за умрена! Ова е вистинското лице на Тони и екипата која сака нов мандат!
Изгледа само умрени му требаат за да престанат да крадат!“ – реагира Илиевска.