Кандидати од независна граѓанска иницијатива останаа без лого на избирачките ливчиња

На избирачките места во Општина Центар е констатирана изборна нерегуларност, бидејќи на избирачкиот материјал не е испечатено логото на кандидати од една независна граѓанска иницијатива.

Оваа неправилност, како што соопштуваат оттаму, се однесува на двете листи и на онаа за членови на совет и кај листата за градоначалник.

Од независната листа велат дека дека нерегуларноста е констатирана на целата територија на општината.

Според нив, ова претставува „флагрантна дискриминација, ставање во нерамноправна положба и поништување на еднаквоста на избирачкото право“, што може да биде основа за поништување на изборите во општината.

Од независната листа информираа дека се обиделе да поднесат приговор преку електронскиот систем на ДИК, кој бил надвор од функција. Поради тоа, приговор е поднесен по електронски пат преку електронска пошта и во архивата на ДИК.

Од иницијативата посочуваат дека логото до Општинската изборна комисија (ОИК) го доставиле уште на 11 септември 2025 година, приложувајќи и скриншот од електронската пошта.

Back to top button
Close