Кандидатите за претеници од ИЕ6, Николоска, Филипоски и Илјас ги повикаа гостиварчани да гласаат за сигурна, стабилна и европска иднина дома

Во Гостивар вечерва кандидатите за пратеници од коалицијата „Можеме“ во шестата Изборна единица, Драгољуб Филипоски, Бејџан Илјас, како и носителката на листата Фаница Николоска, ги повикаа гостиварчани да гласаат за сигурна, стабилна и европска иднина дома.

– Нашиот регион, Полог е најголемата мешавина на различни националности, вери и култури во целата држава. Поранешната политика ни направи длабоки поделби и не убеди дека за секое зло во животот ни се криви оние другите. А всушност погледнете околу себе! Како комшии се почитуваме, како колеги се почитуваме, пазаруваме едни кај други и генерално сите што ги знаеме а се од друга национална припадност или вера, ги почитуваме. Поделбите се наметнати а се неприродни, затоа и го воведовме концептот eдно општество за сите, истакнаа Николоска.

Таа додаде дека за овие две ипол години јасно го фативме Евроатлантскиот пат.

– Видовте дека можеме. Дека сите тие измислени, непремостливи пречки беа само изговор да се изолираме од светот, за една мала група на луѓе да ве манипулира и да ви ги краде парите. Наместо суштински реформи добивте споменици. Наместо праведно судство добивте нарачани пресуди и судии од тефтерчиња. Наместо социјална помош добивте скапо платени реклами кој го поматуваа умот со националистички идеи, посочи Николоска.

Таа рече дека само за две ипол години можело да влеземе во НАТО, да ги започнеме Европските интеграции, и да добиеме поддршка од целиот демократски свет.

– Затоа на 15 јули ласајте за сигурна, стабилна и европска иднина дома, повика Николоска.

Филипоски нагласи дека тој, како дипломиран професот по физичка култура, верува во резултатите и крајниот исход кој се темели на вистинска стратегија, упорност, визија, посветеност,а  сето тоа денес, како што рече,  го имаме благодарение на лидерот, селекторот, визионерот, човекот којшто ни ги отвори вратите за финале за најважниот натпревар кој денес го имаме, а тоа е кој ако не нашиот претседател и иден премиер Зоран Заев.

– Не би сакал да коментирам за минатото, невистините, режимот, за лажниот патриотизам. Ние водиме позитивна кампања за светла и среќна иднина. Драги пријатели ќе ви кажам што е за мене патриотизам. Патриотизам е да гледаш среќен народ,задоволни граѓани,граѓани кои својата иднина,својот просперитет го гледаат тука,дома.Патриотизам е просперитетна,стабилна,праведна држава која се грижи за својот народ,која нуди можности за сите граѓани без оглед на разликите.Патриотизам е стабилен здравствен систем,квалитетно образование,праведност и правичност.Патриотизам е македонскиот јазик во семејството на Обединетите нации,македонското знаме помеѓу знамињата на НАТО алијансата, а во мандатот што следува и во Европска Унија, рече Филипоски.

Илјас им се заблагодари на присутните, бидејќи, како што рече, и овој пат се на праведната страна.

– Страната на чесните, страната на нашата партија која отсекогаш била со вас и работела за вас. Страната на победниците. Пак сме заедно тука на исто место затоа што сите знаеме дека од 90 година до ден денес ТДП е единствената опција која се борела за честа и правата на турците во оваа наша заедничка мила татковина. Гостивар тоа најдобро го знае. Тука во Гостивар сите заедно имаме славено многу победи. И на 16 јули убеден сум дека ќе организираме уште една победничка слава. Зошто тука во тврдината на турската култура, нашата партија никогаш нема изгубено, истакна Илјас.

Тој додаде дека поминале 30 години од нивните први чекори, оти поминале низ многу тежок пат.

– Но како најлојалните граѓани на оваа убава земја, ние Турците слободно можеме да се гордеме со постигнатите успеси. Нашето знаме слободно и гордо се вее на јарболите на нашите општини низ цела држава. Нашиот мајчин јазик е во службена употреба на локално ниво. Нашите деца учат на својот мајчин јазик. Празнуваме на 21 декември ден на наставата на турски јазик. 30 години сме дел од законодавната и извршната власт е на локалните самоуправи.. затоа многу си ја сакаме нашата земја, потанцираше Илјас.

Back to top button
Close