Кандидатот на европската коалиција ќе биде победнички на следните претседателски и парламентарни избори, вели Ковачевски


На следните претседателски, а потоа и на парламентарните избори победничка ќе биде европската коалиција на партиите кои се залагаат за интеграција и напредување на Северна Македонија во Европската Унија, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека европскиот фронт може да излезе заеднички на следните избори, Ковачевски, рече дека тој прв дал изјава дека во нашата држава постојат два концепта, еден за ЕУ и еден за изолација, и дека „тоа е она на што мисли и претседателот на ДУИ, Ахмети“.

„Во однос на изборниот настап, и јас потврдувам дека на следните претседателски избори, бидејќи прво одат претседателските, па потоа парламентарните избори, кандидатот на европската коалиција на концепцијата и политичките партии кои се залагаат за интеграција на Северна Македонија во Европска Унија ќе биде победничкиот кандидат и ќе биде избран за претседател на Република Северна Македонија, а подоцна на парламентарните избори коалицијата која што е за европска Македонија исто така ќе ја формира повторно следната влада во државата“,

изјави Ковачевски.
Околу настапот на изборите, Ковачевски посочи, дека тоа останува да биде дел од еден коалициски договор којшто се прави врз основа на програма на коалициско и усогласување на системот на вредности помеѓу повеќе коалициски партии. Меѓутоа, нагласи тој, ниту една опција не е исклучена во тој дел.

Ковачевски, потсети дека, уште пред една година, на трибините коишто ги имаше СДСМ, кажал дека во државата има два концепта.
„Едниот е концепт за европска интеграција и напредување на државата во ЕУ во нејзино полноправно членство и носење на потребните одлуки, којшто го предводи СДСМ и коалиционите партнери, а кон тој концепт се приклучија и други политички партии како на пример Алијанса за Албанците. И има втор концепт, којшто се залага за блокада и за изолација и повторување на онаа декада или 11 години, која што ја имавме изолирана држава со плати двојно помали од денес, со пензии двојно помали од денес, со стандард помал од денес, со нарушени односи со соседите, со нарушени односи внатре и со ниту еден милиметар помрднати во европските интеграции“,изјави Ковачевски.

Back to top button
Close