Канистер и траги од горење нашла полицијата во дворот на Еврејската заедница и синагогата

Министерството за внатрешни работи даде детали за обидот за опожарувањена објектот на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје. Од СВР Скопје за МИА изјавил дека во двор на верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.

„Веднаш по добиената пријава од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, дополнуваат од МВР.

Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелира до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

Заедницата вели дека ваквите појави не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе.

Еврејската заедница повика на брзо расчистување на случајот и на јасна осуда на ваквите дејствија од институциите, граѓаните и од верските лидери.

Back to top button
Close