Каракачанов: Македонските влади, од првиот ден на постоењето на земјата, не се нормални

Релацијата Скопје – Софија без промени, Каракачанов повторно ја вжештува атмосферата.

Бугарскиот вицепремер денеска обвини дека Македонија сака да и забие нож во грбот на Бугарија и дека македонските влади што управуваат со земјата од првиот ден на своето постоење не се нормални. Триковите нема да ви поминат во декември, порача Каракачанов преку бугарската БНТ, обвинувајки дека во Македонија се уриваат бугарски споменици и се фалсификува историјата.

„Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат. Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство“ рече Каракачанов.

Македонската лада нема црвени линиии, бетониран идентитет, а ниту датум за преговори со ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветото на Бугарија на нашите евроинтеграции има име и презиме, тоа е Зоран Заев. Тој се коцкаше со македонските национални интереси, се коцкаше со идентитетот, со народот, односно играше ол ин и загуби. Не загуби само тој, загуби целиот македонски народ, заради неговото коцкање“ – рече Димче Арсовски ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев вчера изјави дека секое прашање на македонскиот идентитет е црвена линија. Според него бугарското вето е горчливо и спротивно на вредностите на Унијата. Во интервју за „Франс прес“ тој кажа дека Македонија покажа колку верува во европските вредности и сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности тие не беа таму.

Бугарските барања се дрзок, ненаучен, нереален и лесно проѕирен внатрешно политички мотивиран потег, а Берлин мора да го притисне својот „пријател“ во Софија, пред некој ден во анализа за Дојче Веле порача поранешниот заменик-амбасадор на Германија во Бугарија, Гудрун Штајнакер.

До крајот на годината има уште две шанси за датум. Првата е на 8. декември за време на Советот за општи работи во Брисел, а веднаш по неа и за време на Европскиот совет кога земјите – членки ќе заседаваат на премиерско ниво.

Back to top button
Close