Карамбол во Влае: Прегазен е велосипедист на кружниот тек, се судрија и три автомобили
Вечерва е прегазен велосипедист на кружниот тек меѓу скопските населби Влае и Ѓорче Петров.
Увидот на МВР е во тек , па засега нема информации како дошло до тешката сообраќајна несреќа на кружниот тек меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров од страната на пазарот.
При несреќата, се судриле и три автомобили, а состојбата на велосипедистот, како и на возачите и сопатниците во авотмобилите не е позната.