Каранфилова-Пановска: Кочоска ги навреди сите жени и треба да биде разрешена

Денес заедно, го креваме нашиот глас, затоа што 8 ми март не е само за честитање туку ден на женската храброст, борба и непоколеблив дух, потсетник на вековната битка за права и еднаквост, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од маршот по повод меѓународниот ден на жената, во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Каранфилова-Пановска нагласи дека борбата не е завршена, и ја истакна реалната опасност од десничарските политики, кои сакаат да ги негираат правата изборени со крв, пот и солзи, повторно да ја сведат жената на улога што не ја избрала, што сакаат да го загушат нејзиниот глас.
Најсвеж пример, за тоа се навредите и дискриминацијата на Гордана Кочоска кон пратеничката Петровска и кон сите жени. Овој инцидент не е изолиран случај, туку показател на подлабоката дискриминација со која жените се соочуваат, дури и на највисоките позиции во општеството. Министерка која навредува, дискриминира и гази врз човечкото достоинство, а по попис и опис има задача да им служи на граѓаните не смее да биде дел од Владата. Кочоска ги навреди сите жени и треба да биде разрешена, порача заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, од осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ, кој годинава се одржува под слоганот „Исправени заедно, за еднаквост, правда и мир”.

Back to top button
Close