Каранфилова Пановска: Трендот на СДСМ со гласови ќе оди нагоре, паѓаат во вода најавите на Мицкоски дека ќе освоиме од нула до шест општини
Апсолутно СДСМ е задоволен од трендот на резултатите од првиот круг. Имавме краток период за ова ново раководство. Во сите општиниски организации имаме повеќе гласови од изборите во 2024, изјави вечерва потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска.
Според нејзината изјава во гостување на ТВ Телма, трендот на СДСМ со гласови ќе оди нагоре, а трендот на гласовиите на ВМРО-ДПМНЕ ќе оди надолу.
-Ги разочаравме сите што велеа дека СДСМ ќе се распадне. Покажавме дека остануваме засега втората најголема партија. Најавите на премиерот Мицкоски дека ќе освоиме од 0 до 6 општини паѓаат во вода. Алудираме и на бројот на гласови на градоначалници и во советите. Победуваме во Крива Паланка, Богданци, Кривогаштани, водиме во Центар и Пробиштип, кажа Каранфилова Пановска.
За ситуацијата во Град Скопје, потпретседателката на СДСМ изјави:
-Нашиот број на гласови, со оглед како излеговме од поразот во 2024, мислиме дека ќе биде подобар и понадежен. Не знам како е состојбата во Скопје, но очекуваме повеќе гласови за нашата советничка листа и за кандидатката во споредба со изборите во 2024 година.