Караванот „Оствари го сонот”, Зибери го започна од Желино

Kандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери, со караванот „Оствари го твојот сон” го започна своето патување од општина Желино, а потоа ги посети околните села, Шемшово, Копаница и Палатица.

Зибери оствари средби со граѓаните од овој регион со кои разговараше за потребите и идеите на жителите од оваа област, презентирајќи им ги своите ставови и планови за првите 100 дена.

Меѓу другото, Зибери ја истакна важноста на ова патување, откривајќи им ја на граѓаните идејата за прв премиер Албанец, што претставува силен симбол на еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите. Поради оваа причина очекуваме поддршка не само од албанските граѓани, туку и поддршка од Македонците и другите етнички заедници, рече Зибери.

 

Back to top button
Close