КАРИЛ со демант: Клиниката не беше поплавена, имаше делумен дефект во инсталациите

Поплавите кои се случија пред неколку дена не ја поплавија КАРИЛ туку предзивикаа дефект во дел од инсталациите и заради безбедност на пациентите, неколку кревети се исклучени од употреба, се наведува во демантот испратен од Клиниката по обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Дефектот како што додаваат е во фаза на санација.

„За оние кои се помалку упатени, да појасниме дека еден кревет на КАРИЛ е поврзан со инсталации(кислород и друи гасови како и електрично напојување за респиратор, монитори, аспиратори, перфузори..) Секоја од овие инсталации е клучна за функционирање и лекување и токму затоа и при најмал дефект се први комплетна санација“ велат од КАРИЛ.

Од КАРИЛ наведуваат дека пациентите не се препраќани во други болници, туку се згрижени во склоп на капацитетите на клиниката.

 

„Дадено е соопштение до други болници во наредниот период додека не се санира дефектот и не се овозможи непречено функционирање на сите кревети на КАРИЛ, нови пациентите да се праќаат во клиничките болници ГОБ „8 Септември“, Штип, Тетово и Битола кои се клинички болници и поседуваат одделенија за интензивна нега оперемени со истата апартаура како КАРИЛ, со вработени анестезиолози со ист степен на образование и искуство како и лекарите од КАРИЛ. Овие болници и во секојдневната пракса примаат и лекуваат болни кои бараат интензивна нега. Значи дека во ниту еден случај не е загрозен било чиј живот“

 

На КАРИЛ како и на сите останати клиники на ТОАРИЛУЦ редовно се земаат микробиолошки брисеви од страна на ИЈЗ , се наведува во демантот и потенцираат дека тоа е нешто што е дел од секојдневната работа и нешто што како протокол секогаш се прави.

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговори како повторно работи КАРИЛ по поплавите кои го зафатија објектот и дали се земени микробиолошки брисеви за повторно функционирање на клиниката.

Back to top button
Close