„Кармен“ го отвора Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола

– На сцената на Народниот театар во Битола, денеска НУ Драмски театар Скопје ќе го отвори Меѓународниот фестивал на монодрамата во Битола со претставата „Кармен“, од шпанскиот автор Мигел Делибес, а во режија на Дејан Пројковски.

Претставата „Кармен“ е исповед на една жена за нејзините неостварени желби и соништа преку кои влегуваме во светот на малограѓанштината, лажниот морал, општествените заблуди, просечноста и ниските страсти. Својата премиера „Кармен“ ја дожиева на матичната сцена на 23 мај 2021 година.

„Кармен“ ја толкува актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, а композитор на музиката е Горан Трајкоски.

Back to top button
Close