Каролина Гочева позитивна на ковид-19

Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева, предмалку на Фејсбук објави дека е позитивна на ковид-19.

Таа водено ги информираше своите фанови, дека нема да биде во состојба да настапи на концертот во Охрид, закажан за в четврток.

„Драги мои, Многу се радував на нашата средба во Охрид и многу сакав да ја повториме онаа магична вечер од Скопје, но…од синоќа не се чувствувам добро, денес се тестирав и имам корона. За жал, мораме да го откажеме концертот планиран за четврток во Охрид. Се гледаме во следна прилика, а на Охрид ќе му се оддолжам со концерт наесен“, објави Гочева на Фејсбук.

 

Back to top button
Close