Карпош го изгласа ДУП-от за бензиска на Пуцко, против беа независните и Левица  

Шеснаесет советници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ во Општина Карпош го изгласаа Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 04, Блок 3 04.05, со кој се овозможува изградба на бензиска пумпа од страна на компанијата Пуцко Петрол во непосредна близина на Александар Палас.

Како што пишуваше Фокус, токму за овој плац се однесуваше реакцијата на градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски до скопската градоначалничка Данела Арсовска, која, според него, требала да формира Комисија за урбанизам и да се заврши постапката околу ДУП-от, бидејќи во спротивно Карпош ќе треба да плати оштета од 15 милиони евра.

–Државниот правобранител беше кај мене и кажа дека под итно треба да се усвои ДУП-от, по што истата локација правобранителството на суд ќе и ја понуди на компанијата. Ако одбие, ќе нема право на оштета – ни изјави Јакимовски, додавајќи дека правобранителот периодов праќал дописи до Општина Карпош и Град Скопје, па дури и предочувал на евентуална кривична одговорност

Повеќе

 

Back to top button
Close