Касами: Министрите на ДУИ се смешни, промовираат проекти кои не се во нивна надлежност
ДУИ многу ветуваат пред избори, а потоа ништо не прават. Министрите од редовите на ДУИ се смешни, со тоа што промовираат проекти кои не се во нивна надлежност, изјави Биљал Касами, лидерот на БЕСА во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој кажа дека БЕСА на локалните избори ќе оди сама, но не исклучи и соработка со сите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.
„Засега на локални избори ќе одиме сами. Н, можна е соработка и со сите партии кои ќе покажат интерес, освен со ВМРО-ДПМНЕ. За нив вратата е затворена“,рече Касами.
Касами кажа дека Тетово треба да биде вратено на тетовчани. На прашањето дали тој би се кандидирал за градоначалник, рече дека тоа ќе треба да го одобрат партиските органи.
„Сепак, ќе направиме анализа, и доколку имаме сериозна понуда за соработка, ќе ја разгледаме. Секоја можна соработка меѓу СДСМ и БЕСА на локалните избори, ќе биде предмет на сериозна анализа. Ќе ги анализираме најдобрите опции за нас како БЕСА“, рече Касами.