Касами: На локални ке одиме сами или со некоја албанска партија

Лидерот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека нема да настапат заедно со СДСМ на локалните избори.

„Коалицијата со СДСМ беше предизборна. За локални не сме збореле. Нема да одиме заедно на локални избори. Ние сме спреми да се натпреваруваме сами на локални избори. Не ни треба СДСМ. Со ВМРО никако не би коалицирале. Ќе разгледаме опции со некоја од албанските партии да коалицираме“, посочи Касами.

Back to top button
Close