Kасами: Наставниците и родителите да останат смирени, зголемен надзор над училиштата

По дојавата за поставени бомби во двете основни училишта во Тетово, градоначалникот Билал Касами соопшти дека се преземаат мерки за поголем надзор во училишните објекти и повика на смиреност за да не се создава паника.

Апелираме до граѓаните, наставниците и родителите да останат смирени и да не паничат во вакви ситуацииОбразовниот сектор при општина Тетово, на предлог на органите на државната безбедност, ја зголеми грижата и надзорот над училиштата и континуирано е во комуникација со раководните лица на училиштата и државните органи за безбедност во државатаИмајќи предвид дека вакви вести имало и во други градови и дека се посочени како лажни, сепак мора да бидеме внимателни. Воедно, соопштуваме дека вакви предупредувања нема во другите основни и средни училишта и ситуацијата е под контрола, изјави Касами,

По дојавата дека има поставено бомби во двете основни училишта Лирија” и Кирил и Методиј”, учениците и наставниците по наредба на полицијата и надлежните ги напуштиле училишните објекти.

Back to top button
Close