Касами: Од понеделник почнуваат преговорите за формирање влада

Градоначалникот на Општина Тетово и претседател на Движењето Беса дел од Коалицијата „Влен“, Биљал Касами вели дека од понеделник се очекува да почнат разговорите за формирање на новата влада.

-Во текот на оваа недела ќе треба да ги имаме готови работните групи, а доколку не, за време на викендот и најверојатно од понеделник да почне официјализирањето на средбите и координацијата на активностите околу формирањето на владата. Секако, кадровските прашања ќе бидат дел од втората фаза на разговори. Она што е поважно е дека оваа коалиција ќе продолжи да биде гарант за интеграцијата на земјата во ЕУ и гарант за правата на Албанците, бидејќи изборите покажаа дека го добивме мандатот на Албанците да ги претставуваме и донесуваме одлуки кои се за доброто на сите граѓани и на државата кон европската интеграција, рече денеска Касами.

Прашан дали тој лично ќе преземе некаква функција во извршната власт, Касами одговори дека ќе продолжи со работата како градоначалник на Општина Тетово.

– Што се однесува до мојата одлука, самите тетовци покажаа дека ме чекаат уште многу работи да направам во Тетово кои се отворени и кои мора да продолжат, рече Касами.

Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која освои најмногу пратенички мандати на вчерашните парламентарни избори, вечерва во телевизиско гостување повтори дека коалицијата Вреди ќе биде нивниот главен коалициски партнер. Оцени дека се вистински претставник на албанската заедница во земјава, и додаде дека во идната влада се добредојдени сите кои ќе ја почитуваат предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close