Касами од Желино: После 8 мај сите жители ќе бидат подеднакво третирани од централната власт

Носителот на листата на коалицијата „Вреди“ во Шестата изборна единица Биљал Касами и кандидатот за пратеник, Аднан Азизи денеска ја посетија Општина Желино и реализираа повеќе средби со граѓани во неколку села.

Касами пренесе дека при разговорите со граѓаните од овие населени места добиле пораки за потребата од неопходна промена на централно ниво.

– Ветив дека после 8 мај сите жители ќе бидат подеднакво третирани од централната власт и инвестициите ќе бидат многу поголеми во Општина Желино. Не само граѓаните на Тетово и Полошкиот регион, туку и сите граѓани Албанци во Македонија заслужуваат да имаат добри услови и инвестиции, истото како што се случува во Тетово, истакна Касами.

Жителите на Општина Желино изјавија дека ќе ги поддржат измените бидејќи веруваат во работата на Биљал Касами како градоначалник, пренесуваат од коалицијата „Вреди“. Според претставниците на коалицијата, жителите на општина Желино порачале дека и покрај бројните закани и од страна ДУИ, преку полицијата, тие не се плашат и на 8 мај ќе гласаат за промени кои вредат

Back to top button
Close