Касами потврди дека Беса ќе раководи со министерството за земјоделство

Лидерот на Движењето Беса Билал Касами вечерва по состанокот на СДСМ со коалициските партии од коалицијата „Можеме“ потврди дека при поделбата на владиниот колач го добиле ресорот земјоделие. Тој не откри дали генералниот секретар Аријанит Хоџа ќе биде министер за земјоделие и рече дека за тоа ќе одлучува Централниот совет на Беса.

– Движењето Беса ќе има важна улога во владеачкото мнозинство, ќе го водиме ресорот земјоделие и ќе имаме и заменици министри и директори. Вечерва ќе се одлучува кој ќе биде министер за заемјоделие. Одлуката ќе ја донесе Централниот совет на партијата – изјави Касами.

Back to top button
Close