Касами сака да ја разреши директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, ја злоупотребила функцијата

Општина Тетово соопшти дека по направената ревизија во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ се констатирани многу финансиски пропусти, кои го оштетиле буџетот на училиштето.

– Ревизорскиот извештај на општина Тетово го доставивме до Советот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, како највисок орган во таа институција за да се разгледа, се вели во писменото сопштение на општина Тетово.

Според извештајот, констатирани се неколку финансиски пропусти кои го оштетиле буџетот на училиштето и со тоа го попречиле нормалното одвивање на наставата.

– Според Законот за основно и средно образование, Советот на училиштето има законско право ургентно да повика состанок за да го разгледа извештајот и да оцени дали има прекршување на закони и процедури од директорот на училиштето, по што ако се констатират неправилности, се известува градоначалникот на општина Тетово и му се предлага да го разреши од функција, велат од општина Тетово.

Исто така, преку адвокат, општина Тетово иницирала процедура за да се констатираат законските повреди што се направени од директорката.

Директорката на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, Теута Лала реагирала на ревизорскиот извештај, карактеризирајќи го како селективен. Таа информираше дека дека до неа не е доставена одлука од преставниции на општината Тетово, потпишана од градоначалникот, според која се бара разрешување на директорката.

– Денес ми е доставена одлука од преставници на општината. Одлука потпишана од градоначалникот на општината која го опишува моето разрешување. Оправданието на градоначалникот дека барањето и одлуката е по барање на Советот на училиштето не е основано, бидејќи од таму немам добиено некое писмо или извештај, изјави Лала.

Според неа, нема никаква злоупотреба на финансиите на училиштето, а ревизијата е направена селективно.

 

 

Back to top button
Close