Касами: Сигурен сум дека ќе го убедам Мицкоски да направиме влада и уставните измени да се направат на првата седница на новото собрание по изборите!

На новинарско прашање дали албанските партии се натпреваруваат меѓу себе кој да прави влада со СДСМ со оглед на тоа што ВМРО ДПМНЕ изричито е против уставни измени, лидерот на БЕСА, Биљал Касами на брифингот со новинарите во хотел Парк изјави:

Не, во игра е и ВМРО ДПМНЕ. Дури мислам дека единствен начин да се случат уставните измени е ВМРО ДПМНЕ да биде дел од владата без разлика кој ќе победи на изборите во македонскиот камп. А сигурен сум дека ќе го убедам Мицкоски да се случат изборите уште на првата седница на новото собрание по изборите. Начинот на кој тоа ќе се случи е со некаква гаранција писмена или усмена дека нема веќе да има нови вета од Бугарија и тоа мислам дека лесно може да се изведе, но клучно е ВМРО ДПМНЕ да влезе во владата затоа што многу полесно е да правиш притисок врз владејачка партија отколку врз опозициска партија, додека СДСМ и кога е во опозиција ќе се однесува државнички и ќе гласа за уставните измени.

Извор

Back to top button
Close