Касами верува дека влада на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција многу полесно ќе ги донесе уставните измени

Јас верувам дека многу полесно ќе се спроведат уставните измени во една комбинација на македонската и албанската опозиција бидејќи верувам дека тогаш ќе биде полесно спроведлив тој постигнат договор“, вели првиот човек на Беса и еден од лидерите на коалицијата на опозициски партии на Албанците, Билал Касами, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

За ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека не само сега туку и во иднина нема да гласаат за уставни измени под овие околности, Касами коментира:

„Јас верувам дека ќе биде возможен нов договор за спроведување на преземените обврски, за динамиката на спроведување на преземените договори и обезбедување дополнителни гаранции“.

Во тој контекст, Касами го смета за коректен ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сметам дека за нив тоа е коректен став бидејќи тие сметаат дека Северна Македонија се договорила со Бугарија без да има, да кажам, поддршка и целосна легитимност од граѓаните на Северна Македонија за еден толку важен договор“,вели лидерот на Беса.

Со оглед на тоа што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повеќепати повтори дека по избори за партнер ја преферира опозициската коалиција кај Албанците, иако за можноста за соработка со ДУИ вели – никогаш не вели никогаш, дали и „Европски сојуз за промени“ ја преферира ВМРО-ДПМНЕ, беше едно од прашањата до Касами.

„Видете, ова е малку проблематично да дадеме преференции пред изборите бидејќи соработката по изборите се заснова врз изборниот резултат и надградувајќи го со предизборната програма. Со оглед на фактот што нашата цел е деблокирање на интеграцијата во ЕУ, за забрзување на овој процес, полноправно членство на Северна Македонија што поскоро, и можеби може да биде тешка на прв поглед, една соработка со која било политичка партија, било да е ВМРО или СДСМ, доколку добие другата страна, доколку не постигнеме договор за нашата цел. Така што, нашата цел, со која било партија, е да се деблокираат евроинтегративните процеси и да продолжи интеграцијата во ЕУ… Ако не е предуслов, деблокирање на системот и гласањето на уставните измени е првиот услов“,рече лидерот на Беса во интервјуто за „360 степени“.

Back to top button
Close