Кастекс: Во Франција 30 милиони лица примиле барем една доза вакцина

Во Франција 30 милиони луѓе примија барем една доза вакцина против  коронавирус, изјави премиерот Жан Кастекс, кој повика на продолжување на борбата против вирусот.

„Целта е постигната! Ви благодарам на сите што се мобилизирате за вакцинирање”, напиша Кастекс наТвитер.

Властите очекуваа следната недела да се надмине прагот од 30 милиони вакцинирани лица.

Меѓутоа, француските власти предупредуваат дека подобрената состојба, постепеното укинување на ограничувањата, не смеат да ја „намалат будноста“ на граѓаните кон коронавирусот.

Во земјата се отворени рестораните, како и спортските сали и базени,а полицискиот час почнува подоцна, од 23 часот.

Back to top button
Close