Кастриот Реџепи своеволно се пријавил во полиција за да докаже дека не е киднапиран

МВР соопшти дека пратеникот Кастриот Реџепи своеволно пристигнал во полицијата за да докаже дека не е киднапиран.

„Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, велат од МВР.

Тој денеска на својот Фејсбук профил најави дека в понеделник ќе излезе на прес-конференција пред новинарите со цел јавно да ги соопшти и објасни своите ставови.

Back to top button
Close