Катар и палестинските власти го осудија нападот во Доха


Катар „силно го осуди“ израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Доха, нарекувајќи го „кукавички“, пренесе Тајмс оф Израел.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маджед Ал Ансари, изјави дека цел на нападот биле „станбени згради во кои живееја неколку членови на Политичкото биро на Хамас“ и дека „криминалниот напад претставува очигледно кршење на сите меѓународни закони и норми и претставува сериозна закана за безбедноста и сигурноста на жителите на Катар.“

Ансари додава дека Катар „нема да го толерира ова неодговорно израелско однесување и тековното нарушување на регионалната безбедност, ниту пак каков било чин кој ја таргетира неговата безбедност и суверенитет“.

Тој додаде дека Катар истражува „на највисоко ниво.“

И заменик-претседателот на Палестинската власт, Хусеин ал-Шеик, ја осуди израелската акција во Катар против високи функционери на Хамас.

Во соопштение на X, ал-Шеик пишува дека ова е „тешко кршење на меѓународното право и на суверенитетот на Катар и ја загрозува стабилноста во регионот

Back to top button
Close