Кавадарчанец зел возило да го проба, му се допаднало, па избегал со него

Кавадарчанец на возраст од 34 години вчера тргнал да се извози со автомобил на струмичанец, со кого се договрале да направат замена на возилата, но го стартувал автомобилот, тргнал со него и не се вратил.

Очајниот струмичанец кога увидел дека нема да му биде вратено возилото, случајот го пријавил во полиција.

Како што информираат од СВР Велес, против кавадарчанецот К.М. ќе биде поднесена соодветна пријава по документирање на случајот.

-На 13.12.2023 во 19.30 часот во Полициска станица во Кавадарци, З.Р.(36) од Струмица пријавил дека на бензинска пумпа во Кавадарци се сретнал со К.М. (34) од Кавадарци да ги разледаат нивните возила и доколку се договорат да ги разменат.

Според пријавеното, К.М. го земал возилото на З.Р. да го проба, а своето го оставил и не се вратил. К.М. е повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поденсена соодветна пријава – известија од СВР Велес.

 

Back to top button
Close