Кавадарчанка позитивна на КОВИД-19, но последните десет дена не одела на работа

Кавадарчанка на 50-годишна возарст е новиот позитивен случај на КОВИД-19 во Тиквешко. Бработена била во фабрика, но последните десет дена не одела на работа. Ова за МИА го потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Станувало збор за асимптоматски случај, а жената била на домашно лекување. Се утрдувале нејзините контакти, со цел нивна изолација.

Back to top button
Close