Кавадарчанка се обидела да си ја убие 60-годишната мајка

Кавадарчанка се обидела да ја убие мајка си со тврд предмет, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Ѓ.М.(32) од Кавадарци поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик“, пишува во соопштението на МВР.

На 10 септември 2024 година, околу 03.15 часот, во семејниот дом во Кавадарци, В.Ѓ.М. со тврд предмет ја нападнала нејзината 60-годишна мајка и ѝ нанела тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close