Кавадарчанка удрена од возило и натепана од возачот
03.07.2020 12:30
1,062 Читање помалку од 1м
Кавадарчанка синоќа пријавила во полициска станица дека била удрена од автомобил „голф“ со скопски таблички по што возачот застанал и физички ја нападнал.
Случајот е пријавен во полиција околу 22:30 часот, а според кавадарчанката инцидентот се случил на улицата „Ваташа“.
СВР Велес соопшти дека се работи на расчистување на случајот.