Кавадарци ја пушти во функција фонтаната во чест на Сашко Гешовски: 33 години непребол!

Денес, на 33-годишнината од загинувањето на Сашко Гешовски, кој беше првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во Југославија и беше убиен на 19-годишна возраст, се пушти во функција фонтана во негова чест, во неговиот роден град Кавадарци.

Станува збор за централна кружна фонтана со висок млаз вода и две полукружни фонтани кои се изработени од темен материјал кој ја обиколуваат централната фонтана, материјалите се модерни, лесни за одржување и долготрајни, а финансиската конструкција на проектот е во висина од 2.700.000 денари.

Членови на семејството на Сашко, заедно со градоначалникот Митко Јанчев и општински претставници, како и бројни сограѓани, му оддадоа почит со положување на цвеќе на неговиот гроб.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close