Кавани и Марсијал неизвесни за клучниот натпревар на Манчестер јунајтед во ЛШ

Напаѓачкиот двоец на Манчестер јунајтед, Едисон Кавани и Антони Марсијал, поради повреди се неизвесни за клучниот натпревар на Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони (ЛШ) против Лајпциг.

Кавани беше заменет на полувремето, додека Марсијал беше повлечен од игра во вториот дел во саботниот триумф над Вест Хем од 3-1 во Премиерлигата.

– И двајцата имаат повреда на мускулите и ќе треба да им бидат извршени дополнителни медицински прегледи пред натпреварот во шампионската Лига, изјави менаџерот на Јунајтед, Оле Солскјер.

Избраниците на Солскјер во вторник му гостуваат на Лајпциг во последното коло од Х-групата во ЛШ, и неопходен им е барем бод за пласман во нокаут фазата.

Back to top button
Close