Кавгаџиите посебно оној министер за спорт нека бидат среќни што не им дојдоа родителите да ги прашаат дали нивните деца би ги пратиле на вакво „поверење“
Проблемот околу оваа државна брука со младинската олимпијада е во тоа што два дена два-троица луѓе јавно се препуцаваат меѓусебно, кој е крив а кој е прав, без елементарно чувство за државниот срам, напротив зачаурени се во локална партиска предизборна матрица, оградени со нивните симпатизери, до толку што не можат да видат каков срам и брука и нанесоа на државата.
Ниту еден од нив, ниту организаторот кој и да е, ниту останатите два-троица кавгаџии не изразија макар трунка грижа на совест за младите спортисти на кои им пружија услови како во пештера.
Нека бидат среќни сите два-троица кавгаџии, посебно овој министер за спорт, што не им се збрале родителите на децата со прво авионче да им дојдат во Скопје на врата и да ги прашаат дали они своите деца би ги пратиле на “поверење” у вакви мизерни услови, по два троица у кревет, без клима на плус 50 и со храна као божем Македонија е Биафра, не трошете партиски муабет за лајкови, во понеделник рано сабајле сите во 08,00 ОСТАВКИ пошто ја избрукавте државата.
ПС Да кажевте на време колку не ве бива, ќе земевме сите по едно дете по дома, барем ќе беа најадени, наспани у нормален кревет у соба со клима.🤔
Владимир Туфегџиќ