(Видео)Кавга во Страчинци за каменоломот – жителите ги избркаа функционерите кои беа отидени за јавната дебата

Во рамките на постапката за издавање дозволи за каменоломите, било предвидено да дебатираат жителите, министерството и инвеститорот, за да се слушнат аргументите на сите страни, но тоа не беше постигнато поради вербалната пресметка која започна уште пред да влезат на состанокот.

 

„Нема што да бараш ти овде…“

„Дојдете , дојдете внатре…“

„Што внатре, што бара оваа тука… ти си дојден да ми кажеш мене овде…никој не можел да ме избрка од овде,ниту Бугарите, ниту Германците..“.

 

 

„Госпоѓа како што сте дошле, слободно одете надолу…“

Потоа се согласија да влезат внатре за да дебатираат, но тука ситуацијата ескалираше до таа точка што мештаните го избркаа инвеститорот.

„Операторот ќе има презентација тука, што и ние не знаеме, но и ние имаме да презентираме нешто. Таа информација, дебатата за што ќе биде, ќе ја пренесам во министерството и потоа министерството ќе има став, негативен или позитивен, според овдешниот разговор“, вели Аднан

Жителите на Страчинци не сакаат ниту да слушаат во нивното село да се отвори каменолом бидејќи стравуваат од штетите предизвикани од каменоломот во нивните домови.

„Имаме штета не само Страчинци како село, туку и Виниче, Црешево, Сингелиќ, Арачиново, сите. Тој проблем заврши, но сакам да кажам дека овој проверува дали може да успее. Кратко и јасно кажано имал тендер за во Кисела Вода, пред 10 или 11 години, го доби за таму тендерот а овде дошол да работи“, вели жител.

„Почна да се појавуваат пукнатини само од една проба, а сето тоа го направија тајно, тој и патот што го уредувал, тоа го направил без никој да го забележи. Не, не не сум знаел ништо, никој од локалната заедница не ме известил“, додаде жител

Според нив повеќето институции дале негативно мислење за отворањето на каменоломот.

„Од пет институции кои се најрелевантни, мислење од општината, советот на Скопје каде доставиле жалба, сите се негативни, Управата за заштита и спасување дала негативен одговор, Факултетот за шумарство има дециден елаборат со кој одлучи да ја прогласат за ерозивна зона кога се случи катастрофа во 2016 година. Советот на општината ја прогласи за ерозивна зона. Некој како овие, претставниците на Министерството за екологија, велат сите овие работи што ги спомнав не се релевантни, ние сме главни кои даваме или не дозволуваме, а револтот е многу на место“.

Back to top button
Close