Казнени налози за 13 лица за непочитување на здравствените прописи

– Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе девет предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица кои сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетите не го почитувале полицискиот час кој бил во сила, односно биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, информираат од ОЈО.

Скопското Основно јавно обвинителство на Основниот кривичен суд – Скопје му предложил за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Back to top button
Close