Казнети 161 возач во Скопје, 25 за возење под дејство на алкохол

Полицијата вчера на територија на град Скопје изрече казни  за 161 возач. За возење со бразина поголема од дозволената казнети се 17 возачи, 11 за возење без возачка дозвола, а 25 за возење под дејство на алкохол.

Како што информира денеска МВР, изречени се и шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…

Од полицијата најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

Back to top button
Close