Казнети 180 возачи во Скопје

На територија на град Скопје сообраќајната полиција вчера казнила 180 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 19  за управување под дејство на алкохол.

Од МВР соопштија дека изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за минување на црвено светло и други.Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close