Казнети 236 возачи во Скопје, 74 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 74 санкции.
Како што соопшти МВР, изречени се и 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 24 за користење на мобилен телефон при возење и осум мерки за некористење на сигурносен појас.
Од МВР најавуваат продолжување на сообраќајните контроли и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта