Казнети 29 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

Санкционирани се 29 возачи  под дејство на алкохол во акциска контрола спорведена во текот на изминатата вечер  во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територијата на СВР Битола.

За време на контролата биле санкционирани и 21 друг прекршок.

– Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила, велат од МВР.

Back to top button
Close