Казнети 404 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Казнети се 404 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив, информираа денеска од МВР, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 219 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Back to top button
Close