Казнети 45 возачи на подрачје на СВР Куманово

Полицијата казни 45 возачи во Куманово заради непочитување на сообраќајните правила и прописи, соопшти денеска СВР Куманово. Осумнаесет возачи се санкционирани за возење под дејство на алкохол, 27 поради возење со поголема брзина.

Синоќа од 22:00 до 04:00 на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 18 возачи, од кои 16 во Куманово и двајца во Крива Паланка.

На територија на Куманово вчера спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 27 возачи.

Засилените акциски контроли ќе продолжат и наредните денови. Полицијата апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта. 

Back to top button
Close