Казнети 82 возачи на територија на СВР Охрид

Изречени се 83 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид денеска во периодот од 9 до 16 часот во тек на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, соопшти Министерството за внатрешни работи.Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Back to top button
Close