Казнети четири градилишта во Општина Центар, градежен отпад оставале на јавен простор

За овие прекршоци, инспекторите изготвиле записници и издадени се прекршочни налози со парични санкции кои се движат од 1 300 до 1 800 евра, во зависност од тежината на прекршокот

Четири градилишта во Општина Центар се казнети откако општинските инспектори утврдиле дека незаконски зафаќаат јавни површини. Градежен шут и материјали биле расфрлани на начин кој директно го загрозува движењето на пешаците и нормалното одвивање на сообраќајот.

Од Општина Центар велат дека инспекциските служби извршиле контроли на неколку делови од општината, при што прекршоци се евидентирани на улиците „Златко Шнајдер“ „9 Мај“ „Дебарца“ „Васил Стефановски“

За овие прекршоци, инспекторите изготвиле записници и издадени се прекршочни налози со парични санкции кои се движат од 1 300 до 1 800 евра, во зависност од тежината на прекршокот.

„Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Герасимовски порача дека надзорот на градилиштата ќе продолжи со несмален интензитет, со цел да се обезбеди чист и функционален простор

Back to top button
Close