Казни за 113 возачи на мотоцикли


Во текот на вчерашниот ден, од 18.00 до 00.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи.

Како што информира МВР, од нив 62 не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Back to top button
Close