Казни за 121 возач во Скопје, 48 за брзо возење

 На територијата на Скопје вчера при полициска контрола во сообраќајот биле изречени 121 казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број санкции, за возење со брзина поголема од дозволената биле изречени 48 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол. Пет казни се изречени за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

МВР информира дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и апелира  граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми  безбедноста на патиштата.

Back to top button
Close