Казни за 154 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 154 возачи.

Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР информираа дека 75 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close