Казни за 426 лица за неносење маски во изминатото деноноќие
На територијата на Република Северна Македонија во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 426 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19. цр/са/